Издавачката куќа „Борабук“ е основана во 2021 година. Имено, станува збор за новоформирана книгоиздателска куќа чија цел е да промовира писатели на македонскиот читателски пазар кои се уште не се познати на македонските читатели. Борабук има мисија и се труди да се посвети на запознавање на македонскиот народ со културата, традициите, обичаите на народите, љубовните мотиви, животните проблеми, подеми и падови кои се едни од најчестите мотиви за пишување романи. Се надеваме дека ќе успееме во нашата мисија и дека првичниот ентузијазам и желба само ќе се зголемат во нашата понатамошна работа.